Педесет и петгодишен жител на селото Уларци, општина Чешиново-Облешево, е пријавен во полиција откако, според пријавеното, злоупотребил повик до Итната медицинска помош, а потоа недолично се однесувал и им се заканувал на членовите на медицинската екипа.
Случајот во ОВР Кочани го пријавила лекарка од Итната медицинска помош.
Според информациите од МВР, на 13 август околу 19:15 часот, по добиен повик од Ф.А.(55), екипа на Итната медицинска помош се упатила во неговиот дом во Уларци за да ѝ укаже лекарска помош на неговата мајка.
Кога медицинската екипа пристигнала на адресата, според пријавеното, било констатирано дека повикот бил злоупотребен од 55-годишникот.
Тој потоа недолично се однесувал кон членовите на екипата и им упатувал закани.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.