Веќе навикнавме на разни видови млеко, без разлика дали е тоа соја, бадем, кокос или старата добра крава, коза… Меѓутоа, неодамна се појави нов производ кој полека но сигурно станува вистински хит.
Тоа е млеко од компир, кое е подобро за планетата и здравјето, а не содржи вообичаени алергени, па затоа е најдобар избор за оние кои се чувствителни на лактоза, глутен или јаткасти плодови.
Има помалку шеќер и масти, а богатo е и со калциум. Може да ви помогне подобро да ја варите храната, особено ако страдате од запек, надуеност или гасови. Исто така е одличен извор на влакна, витамин Б12, железо и фолна киселина.
Направете млеко од компир дома
Излупете ги компирите и сварете ги. Кога ќе бидат готови, ставете ги во блендер. Додадете вода на половина и малку мелени бадеми (по желба).
Додадете прстофат сол и природен засладувач. По желба додадете малку екстракт од ванила. Сето тоа изблендирајте го и ставете го во стаклено шише или тегла.
Чувајте го млекото во фрижидер и користете го додека е свежо, во рок од неколку дена.
