На одделението за хематолошки болести при Клиниката за детски болести, вечерва настанал пожар на терасата на првиот кат.
Против пожарната екипа веднаш интервенирала и го локализирала пожарот. Не е предизвикана никаква материјална штета. Со оглед на тоа што одделението се реновира и нема хоспитализирани деца, нема ниту повредени пациенти. Останатите деца кои во моментов се хоспитализирани на Клиниката по другите оддели се во добра состојба.
Причините на пожарот ќе ги утврдат надлежните институции.