4NEWS.mk

Пожар во печатницата „Киро Дандаро“ во Битола

Синоќа во печатницата „Киро Дандаро“ во Битола избувнал пожар откако околу 22 часот се случила експлозија.

Од битолската пожарна реагирале веднаш после добивањето на повикот, а пожарот за кратко бил изгаснат.

Од печатницата велат дека има незначителна материјална штета, а била опожарена отпадна хартија. Во пожарот нема повредени и настрадани лица. 

Инаку во оваа печатница се печати изборниот материјал.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни