Свет

Пожари во Турција, најмалку 11 загинати

Пожари во Турција, најмалку 11 загинати

Најмалку 11 лица загинаа, а десетици се повредени во вегетативните пожари што под влијание на ветерот се проширија во неколку села во југоисточна Турција, соопшти министерот за здравство Фахретин Коџа.

Во пожарот загинаа и стотици животни.

Министерот рече дека до попладнево има 11 загинати и 78 повредени, од кои петмина се на интензивна нега.

Тој претходно објави дека 44 лица се повредени, од кои десет потешко, во руралното подрачје кое се наоѓа меѓу градовите Дијарбакир и Мардин, во близина на сириската граница.

Пожарот избувна во четвртокот вечерта во област на околу 30 километри јужно од Дијарбакир и брзо се прошири поради силните ветрови, а зафатија пет села, изјави претходно министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Според министерот за здравство, пожарот бил ставен под контрола во текот на ноќта, но разладувањето на опожареното земјиште продолжило и денеска.

Ново жариште утринава избувна кај селото Ергани во истото подрачје, но е ограничено, јави дописникот на агенцијата ранс прес.

Жителите на селото Коксалан, едно од најтешко погодените, изјавија за АФП дека изгубиле половина од околу илјада кози и овци.

На местото на пожарот се испратени седум спасувачки екипи и 35 возила на брза помош, рече Коџа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни