Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Македонија

Пожарникарите изминатото деноноќие гаселе пожари на пет различни локации

Кумановските пожарникари гаселе пожари на пет различни локации изминатото деноноќие. Сува трева горела во неколку села во кумановско, а била зафатена и нискостеблеста и дабова шума во две села Руница во Општина Липково и Сушево, Општина Куманово, информираше денеска Регионалниот центар за управување со кризи во Куманово. Сува трева горела во два наврати во село Доброшане и еднаш во Долно Којнаре. Во попладневните часови од 15:35 до 18:00 часот, кумановските пожарникари гаселе пожар на нискостеблеста шума во липковското село Руница. Територијалната противпожарна единица осум часа интервенирала и на пожар на сува трева и дабова шума во кумановското село Сушево од 18 часто се до два часот по полноќ. Вчера било опожарено и товарно моторно возило „ТАМ“ на улицата „Белановска“. Пожарот го изгасиле петмина пожарникари. И нивните колеги од противпожарната единица од Општина Старо Нагоричане имале една интервенција за запалена сува трева во село Орах, од 15:00 до 18:00 часот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни