Холивудскиот актер Џејсон Момоа, роден во Хаваи, ги повика туристите да не патуваат во Мауи додека островот се бори да се опорави од разорните шумски пожари.
„Мауи не е место за одмор во моментов. Не патувајте. Не се убедувај дека твоето присуство е неопходно на остров кој толку длабоко страда“, напиша актерот на Инстаграм.
Повеќе од 90 луѓе загинаа, а стотици се уште се водат како исчезнати во пожарот кој уништи многу градови, вклучувајќи го и историскиот град Лахаина.
Момоа сподели видео во кое вели дека на заедницата на Хаваи и треба време да ги залечи раните, да ги оплакува оние што ги изгубиле и да закрепне.
„Тоа значи дека колку помалку посетители користат ресурси кои се екстремно ограничени – толку подобро“, рече Момоа.
Пораките уследија по изјавите на жителите на островот Мауи, кои рекоа дека се ужаснати од глетката на туристите кои пливаат во морето додека се уште ги бројат своите мртви.
„Во истите води каде што загинаа наши луѓе пред само три дена, пливаат туристи“, изјави еден жител на Мауи за Би-Би-Си.
„Тоа кажува многу за тоа каде се нивните срца и умови во сето ова“, додаде таа, посочувајќи дека Хавајците не би пливале, нуркаат и сурфаат во такви трагични околности.
„Во моментов има Хаваи каде што живееме ние, и Хаваи каде што живеат тие“, рече жената.
Локалните власти ги повикаа сите туристи да ги откажат несуштинските патувања на Хаваи.
Од друга страна, падот на приходите од туризмот ќе значи сериозен шок за економијата на Хаваите. Туристите оставаат околу 18 милијарди долари годишно на островите, а третина од тие пари одат на островот Мауи.
Властите во Мауи наведуваат дека важноста на приходите од туризмот е уште поголема и проценуваат дека туризмот носи 80 отсто од приходите на островот.
Пожарите што избувнаа минатиот вторник беа разгорени од силните урагански ветрови. Пожарите сега се главно под контрола, иако борбата за целосно гаснење продолжува.