Познатиот американски актер Шон Пен им постави ултиматум на своите колеги.
Имено, тој им кажал дека тие мора да бидат вакцинирани доколку сакаат тој да се врати на снимањето на серијата „Гаслит“.
Како што истакна познатиот актер, причината одлуката е зголемениот број на лица заразени со коронавирусот во Лос Анџелес, па актерот сака да ги охрабри колегите за важноста на вакцинацијата и колективниот имунитет.
Во Лос Анџелес повторно стапија на сила мерките за носење заштитни маски во затворен простор, токму поради зголемениот број на луѓе заболени со коронавирус, а неговата организација CORE ќе се погрижи на своите колеги актери да им обезбеди бесплатни вакцини.
