Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде со нов координатор, Никола Мицевски

Со соработка на раководството на партијата и претседателот, се одлучи да се оди со една пратеничка група во координација со останатите пратеници од пратеничката група и за ваков момент е добро да се оди со нов координатор, која ќе биде дополнителна вредност во работата на пратеничката група.

„Би сакал да се заблагодарам на досегашниот координатор Драган Данев и неговите пратеници. Пратеничката група одлучи јас да бидам новиот координатор на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на РМ, и тоа како одлука на извршен комитет помина на синоќешната седница, а во понатамошниот период како една пратеничка група, бидејќи со повеќе пратенички групи не наиде на она што ние го очекувавме, а тоа е доволен простор за ние да можеме да го искажеме сето она што беше планирано“, изјави Никола Мицевски на денешната прес-конференција.