Пратеникот од редовите на СДСМ, Миле Талевски преку својот ФБ профил соопшти дека синоќа добил позитивен резултат на тестот за коронавирус.
„Би сакал да ве информирам дека синоќа добив позитивен резултат на тестот за Ковид-19. Моментално имам лесни симптоми на болеста и сум во домашна изолација.На сите вас и на вашите семејства, ви посакувам добро здравје. Чувајте го личното здравје и здравјето на вашите најблиски. Само со заеднички напори и дисциплинирано почитување на мерките за заштита од коронавирусот, имаме шанси да го победиме ова зло и да ја задржиме пандемија под контрола“, пишува Талевски.
.
