4NEWS.mk

Правосмукалка и перална пронајдени во Охридското Езеро

Во изминатиот период Охридското Езеро беше во центарот на вниманието, но од онаа лоша страна, кога во водите на езерото беа пронајдени плочки, када, болјер, а најново што пронајде екипата на „Акватек“ од Охрид се правосмукалка и перална.
 
„Делови од правосмукалка и перална (смукувач и бубањ) лоцирани кај крајбрежјето во близина на Мостот на желбите, длабочина од 3 метри.
Продолжувам со лоцирање и фотографирање на секаков вид отпад. Потоа следува и дислокација на истиот. Да го заштитиме Охридското Езеро од својот најголем непријател човекот“, велат од Акватек Охрид.

 

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни