Македонија

Пречки во спроведувањето на законот за јазици – „Шилегов да го спроведе законот“, вели Села

И по 9 месеци откако е на сила, законот за употреба на јазиците не се спроведува во целост. Директорот на Агенцијата за спроведување на законот, Илбер Села вели дека Министерството за правда треба да ја забрза постапката за формирање на Инспекторат кој треба да врши надзор на спроведувањето на законот и што поскоро да се избере директор на таа институција, бидејќи како што вели, до 2020 година завршува рокот на институциите за употреба на јазиците.

„Сакам отворено да кажам дека се доцни, треба порано бидејќи луѓето не се многу информирани и се обраќаат кај мене за тоа што го прави Агенцијата. Ние не сме надлежни за надзор туку за тоа има Инспекторат. Што поскоро се формира тој Инспекторат толку подобро за нас, бидејќи се предвидува за секоја институција која не го спроведува законот за јазиците да има казни и тоа се прави со цел да се забрза процесот на спроведување на законот за јазиците“, изјави Илбер Села – Агенција за спроведување на јазиците.

Директорот Села го обвини градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов дека веќе еден месец одбива средба со него. Села изрази подготвеност да допринесе за подобрувањето на оваа институција од аспект на употреба на албанскиот јазик. Според него, во неколку институции со кои управува Град Скопје, делумно се употребува албанскиот јазик како официјален.  Првиот човек на Град Скопје му одговори на Села.

„За жал, барањето за средба е доставено во период на годишни одмори и тоа довело до одложување на средбата со г. Илбер Села. Ние како Град сме отворени за сите институции и до сега не сме имале проблеми од овој вид. Конкретна средба со г. Села е закажана да се одржи во месец септември“, вели Петре Шилегов – градоначалник на Скопје.

Според Илбер Села, во институциите кои се под надлежност на Град Скопје, кои се раководени само од Македонци, парцијално се употребува албанскиот јазик како официјален јазик. А таму каде што директори се Албанци законот е правилно спроведен.Буџетот на Агенцијата за спроведување на законот за јазиците од минатата година беше 8 милиони и 437 илјади денари. Но, со ребалансот за 6 пати е зголемен буџетот на оваа агенција.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни