4NEWS.mk

Пред споменикот на паднатите борци во Делчево одбележан 11 Октомври

Пред споменикот на паднатите борци, денеска во Делчево се одбележа Денот на востанието на македонскиот народ – 11 Октомври. По повод значајниот датум од македонската историја, свежо цвеќе положија делегација на Општина Делчево предводени од градоначалникот Горан Трајковски, претставници на институции, политички партии, здруженија на граѓани, претставници на организацијата на резервни офицери и претставници на здружението на борци и пензионери.

-11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнатит во Карпошовото, Разловечкото, Кресненското и Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување, вложени во Балканските и во Првата светск војна, истакнаа членовите на КУД „Гоце Делчев.

Имињата на загинатите борци кои се испишани на спомен плочата во Делчево како и имињата на над 20.000 загинати во НОВ, како што истакна градоначалникот Горан Трајковски се темел на слободата на македонската држава.

 
– Сегашните генерации и граѓаните на земјава покажаа дека се цврсто решени по секоја цена да ја сочуваат сувереноста и независноста на Македонија, дека се доследни наследници на илинденците и генерациите од 1941 – 1945 и дека со обврска и во иднина да ја доградуваме нашата држава во мир и соработка со соседите и сите земји во светот, рече Трајковски.
 
ИмињатаНа седумдесетина од борците кои своите животи во НОВ од Делчево ги дале за слободата на државата, се испишани на спомен – плочата во центарот на градот. 

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни