Македонија

Предложено укинување на КОВИД-сертификатите при влез во земјава

Комисијата за заразни болести денеска препорача да се укине задолжителното поседување сертификат за вакцинација или прележаност на КОВИД-19 за влез во земјава. Овие потврди ќе останат да важат за влез во угостителски објекти.

За оваа обврска при влез во ресторани и барови не е препорачано да биде укината зашто Комисијата смета дека не е добро да се укине сè одеднаш  туку постепено.

– Постепеното укинување на мерките дава резултат и тоа се гледа по секојдневниот пад на бројките, изјави портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ.

Новиот предлогот за влез во земјава без сертификат за вакцинација или прележаност треба да биде усвоен од  Владата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни