Македонија

Предвремени парламентарни избори? Партиите со различни ставови

Дали ќе оди земјава на предвремени парламентарни избори? Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека еден од предусловите за лидерската средба која ќе се одржи утре е одржување на предвремени парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ вели дека одговорност треба да има за сите скандали кои се случија со актуелната влада.

Артан Груби од ДУИ, рече дека во овие моменти приоритет на политичките партии, земјата и граѓаните е членството во НАТО и добивањето датум за почеток на преговорите со ЕУ. Груби додаде дека не треба ни да се размислува за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој изјави дека во моментов ДУИ се подготвува за внатре – партиски избори за следниот партиски конгрес.

Мухамед Зекири од СДСМ тврди дека земјава нема да оди на предвремени парламентарни избори и дури и да  потфрли во постигнувањето договор за законот за СЈО.

Алијанса за Албанците смета дека предвремените избори се најдобра можност за придвижување на важни процеси во вистинскиот правец.

Фљакрон Беџети од Алијанса за Албанците вели дека е потребна лидерска средба за да се донесе одлука за предвремени избори.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни