4NEWS.mk

Предвремени парламентарни избори во Украина

 Во Украина денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори на кои се очекува партијата на новиот шеф на државата Володимир Зеленски да освои мнозинство гласови.

Анкетите покажуваат дека неговата партија „Слуга на народот“ би можела да добие поддршка од малку повеќе од половина гласачи.

Меѓутоа, само 225 од 424 места во Врховната рада се избираат од партиските листи, додека останатите се самостојни мандати чија распределба би можела да се разликува од јавното мислење.

Зеленски кој беше избран за претседател во мај, распиша предвремени избори, три месеца пред предвидениот датум, бидејќи моментно во парламентот мнозинството го имаат неговите противници што му ги ограничува капацитетите за спроведување реформи

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни