4NEWS.mk

Прегазена охриѓанка додека возела велосипед

Вчера во 18.00 часот било пријавено дека на ул.„Будва“ во Охрид патничко возило „опел“, со охридски регистарски ознаки, управувано од К.П.(22) од Охрид удрило во велосипед управуван од Љ.Н.(60) од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Љ.Н., по што била пренесена во болницата „Св.Еразмо-Охрид“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Петровска: Побаравме оставка од Филипче, нема разлика во цената за „Леонардо“ | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни