4NEWS.mk

Прегазено дете во Скопје, со повреди пренесено во болница

Дете било прегазено во Скопје.

Во 10.30 часот, вчера било пријавено дека на сервисна улица од булеварот„Јане Сандански“ патничко моторно возило „хјундаи“, со скопски регистарски ознаки управувано од 30-годишниот М.М. од Скопје удрило во дете, кое се здобило со тешки телесни повреди по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни