Македонија

Преку пораки му се заканувале на премиерот Мицкоски

Преку пораки му се заканувале на премиерот Мицкоски

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 39-годишен жител на селото Черкези поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Загрозување на сигурноста“ согласно член 144 став 5 од Кривичниот законик. Според наводите, осомничениот преку пораки на социјални мрежи упатувал навреди и закани кон претседателот на Владата на Република Северна Македонија.

Имајќи ги предвид околностите на извршување на делото и ризикот од бегство, како и фактот дека лицето се јавува како извршител и на други кривични дела од областа на насилниот криминал, меѓу кои насилство и лихварство, како и повеќе прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир, јавниот обвинител до судија на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Врз основа на обезбедените докази за претходното поведение на осомничениот, Обвинителството го оценува како конфликтна личност која влегува во постојани расправии, упатува закани и стапува во физички пресметки со пријавители. Поради тоа се смета дека постои реален ризик ваквите агресивни испади да прераснат во потешки кривични дела со можни животозагрозувачки последици, поради што е побаран притвор.

Настанот е евидентиран на 14 септември 2026 година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни