Балкан

Премиерот на Косово со британскиот пратеник разговараше за предизвиците со кои се соочува регионот

Премиерот на Косово со британскиот пратеник разговараше за предизвиците со кои се соочува регионот

Косовскиот премиер Албин Курти во Приштина разговарал со специјалниот пратеник на Велика Британија за Западен Балкан, Стјуарт Пич, за досегашната соработка и за новите можности што се отвораат оваа година, објавија КосоваПрес и Танјуг.

Од кабинетот на косовскиот премиер прецизираат дека на вчерашната средба Курти и Пич разговарале за предизвиците со кои се соочува Западен Балкан, опасностите од руското влијание врз безбедноста во регионот, како и за улогата на НАТО во елиминирањето на овие опасности.

Курти истакна дека во Косово има демократски, правен, економски и социјален напредок што мора да се брани заедно со косовските партнери и сојузници. Тој, исто така, ги истакна одличните билатерални односи и важноста на британската поддршка за Косово, особено на безбедносното поле.

Претходно вчера Пич се сретна и со претседателот на Косово, Вјоса Османи, која посочи дека „Косово се стреми да биде конструктивна страна во дијалогот со Србија, но српската страна се обидува да го оттргне фокусот од дијалогот во напорите за го дестабилизира Косово“.

Тензиите меѓу Белград и Приштина се постојани откако Косово прогласи независност во 2008 година, која Србија одбива да ја признае. Европската унија и САД се обидуваат да им помогнат на двете земји да ги нормализираат односите, но засега безуспешно.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни