Прерано згасна млад живот – УМС на ВМРО-ДПМНЕ се простува од Ратко

Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ со неверување и длабоко жалење ја соопшти веста за прераната смрт на нивниот член и поранешен функционер, Ратко Даневски.

Даневски беше активен дел од партиските структури, а во еден период ја извршуваше и функцијата претседател на Општинскиот комитет на УМС во Виница.

Во прошталната порака, неговите сопартијци го опишуваат како пример за одговорен млад човек.

„Меѓу своите сопартијци беше познат како некој кој е вреден работник, искрен патриот, коректен и одговорен млад човек. Неговото заминување претставува загуба за организацијата и за сите кои го познаваа“, истакнуваат од Унијата.

Од УМС на ВМРО-ДПМНЕ упатија искрено сочувство до неговото семејство, блиските и пријателите.

„Почивај во мир, Ратко“, стои во емотивната објава на неговите колеги.