4NEWS.mk

Претепан екс градоначалникот на Гази Баба

На почетокот на денешното судење за ТНТ, судијата кој го води предметот рече дека поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски до судот доставил документација според која  синоќа бил претепан и пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Според судијата Огнен Ставрев, Трајковски се здобил со повреди по главата и телото. По укажаната лекарска помош, тој утринава бил пуштен дома. Поради ова тој не дојде на судењето за ТНТ. Судијата Ставрев објасни дека комуницирале со надлежниот доктор кој им објаснил дека тој е во добра состојба. Поради ова судијата даде еден час пауза за да пристигне Тони Трајковско и рече дека ако не се појави во судницата за еден час, ќе побара тој да биде донесен со полиција.

Инаку на денешното судење треба да продолжи испитувањето на поранешниот министер Миле Јанакиески. 

 
Зоран Јаневски 

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни