4NEWS.mk

Претепаниот доктор од тетовската болница примен на Клиниката за неврохирургија во Скопје

 
Докторот кој крвнички бил претепан од пациент од Mала Речица на Кожното одделение при Клиничката болница во Тетово, бил примен на Клиниката за неврохирургија во Скопје.
 
Лекарот од тетовската болница кој утринава физички беше нападнат од пациент е во стабилна состојба и нема сериозни повреди, изјави министерот за здравство Венко Филипче
 
Тој разговарал со претставници од МВР и се надева на брза разрешница на целиот случај. 
 
Инаку нападот врз лекар се смета за напад врз службено лице.
 
Александар Динев

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни