Претежно сончево со слаб јужен ветер

Претежно сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната од 21 до 27 степени.

Во Скопје, сончево. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Во следните два дена ќе се задржи претежно сончево време со студени утра. Од среда следува период на претежно облачно и значително посвежо време со локални врнежи од дожд и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината. Пообили врнежи се очекуваат во четврток, особено во западните и југозападните делови. Во среда и четврток ќе дува повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното