Воениот суд во Суринам го осуди претседателот Деси Бутерсе за убиство на 20 години затвор поради егзекуција на 15 политички противници во 1982 година по државниот удар.
Бутерсе е осуден бидејќи ја надгледувал операцијата во која војниците под негова команда киднапирале 16 главни критичари на владата, меѓу кои адвокати, новинари и универзитетски професори и убија 15 во главниот град Парамарибо.
Еден од киднапираните, лидер на синдикат преживеа и подоцна сведочеше против Бутерсе. Претседателот на Суринам цело време ги негира обвиненијата, а на пресудата има право на жалба.
Потпретседателот на владејачката Национална демократска партија, Рамон Абрамс изјави дека Бутерсе ќе ја откаже посетата на Куба и тој во Суринам треба да се врати во текот на викендот.
Бутерсе ја водеше јужноамериканската држава во 80-тите години од минатиот век, како претседател на воената влада, а потоа повторно во 2010 година беше избран за претседател на Суринам. Тој пред пет години обезбеди втор претседателски мандат.