4NEWS.mk

Претседателски избори во Тунис

Гласачите во Тунис денеска избираат претседател на државата. Во досегашната кампања доминираа теми поврзани со економијата на земјата.

Гласачките места се отворени утринава, а кандидати за претседател се актуелниот премиер Јусеф Чадед, двајца поранешни премиери, еден поранешен претседател и министерот за одбрана. Вкупно на изборите има пријавено 24 кандидати.

Гласањето беше закажано откако претседателот Беџи Каид Есебси почина минатиот месец на 92 годишна возраст. Ако никој од кандидатите не успее да освои повеќе од 50 отсто од гласовите тогаш ќе се одржи втор круг гласање на 13 октомври.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни