При контрола на возило во Гевгелија била пронајдена и одземена марихуана

Полициската станица Гевгелија поднесе кривичнa пријавa против Т.Ј.(21) од село Негорци, гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотичнидроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Се вчитува...

На 16.12.2018 на улица „Деко Ковачев“ во Гевгелија полициски службеници извршиле контрола на лица и патничко возило „Опел“, управувано од М.С., во кое како сопатници биле пријавениот и уште две лица. Притоа, кај пријавениот била пронајдена и одземена марихуана.

Извор: Сител телевизија