4NEWS.mk

При палење стрниште жител од Виничко се здобил со изгореници

Осумдесет и едногодишен жител на виничкото село Лески се здобил со изгореници при палење стрниште.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во 14,50 часот во Итната медицинска помош Виница бил донесен Т.В.(81) од село Лески, Виничко со изгореници во пределот на нозете и грбот. Повредите ги здобил од претходно палење на стрниште.

По укажаната лекарска помош бил пренесен во Клинички центар-Скопје.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни