4NEWS.mk

Прилепчанец несакајќи си пукнал во рака, па бил пренесен во болница

Прилепчанец се самоповредил додека го чистел пиштолот кој го поседувал со дозвола, по што бил пренесен во болница.

„На 25.09.2019 во 14.40 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во село Лажани, прилепско, М.А., додека го чистел пиштолот кој го поседувал со дозола, испукал еден куршум и се повредил на левата рака“ стои во соопштение од МВР.

Тој бил пренесен во болницата во Прилеп за укажување на лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни