Припадник на армијата во Белата куќа позитивен на корона вирусот, Трамп негативен

Припадник на армијата на САД, кој работи во близина на американскиот Претседател, Доналд Трамп, е позитивен на коронавирус, соопшти Белата куќа.

„Претседателот и потпретседателот се тестирани, тие се негативни и нивното здравје е сè уште добро“, рече портпаролот.

Кога се појавила информацијата за позитивниот тест на војникот, потпретседателот Мајк Пенс доставувал медицинска опрема во центар за рехабилитација, а претседателот Доналд Трамп бил во Вашингтон каде подоцна требал да присуствува на повеќе настани.

Телевизијата Си-Ен-Ен објави дека станува збор за офицер на морнарицата кој работи како личен помошник на Трамп.

Персоналот на Белата куќа редовно се тестира за коронавирус, а на новинарите кои доаѓаат во близок контакт со службените лица, им се проверува телесната температура пред да влезат во медиумскиот простор.

Извор: Сител телевизија