Автомобили

Пристигна првото електрично Audi – новиот e-tron Sportback

Пристигна првото електрично Audi – новиот e-tron Sportback

Иднината е електрична: во салонот на Audi во Скопје пристигна новиот Audi e-tron Sportback. Динамично SUV купе кое нуди моќност до 300 kW и досег кој во зависност од конфигурацијата може достигне до 446 километри (WLTP) со едно полнење на батеријата[1]. Неговите дигитални Matrix LED светла се нова карактеристика што сега е достапна кај e-tron. Нивната светлина се дели на ситни пиксели и може да се контролира со исклучителна прецизност. Ова го олеснува центрирањето на светлината пред возачот, без воопшто да попречува на возилата кои доаѓаат од спротивната лента.

Елегантен, ефикасен, препознатлив: надворешен дизајн

Audi e-tron Sportback ја комбинира моќта на пространиот SUV со елеганцијата на купе со четири врати и прогресивен карактер на електричен автомобил. Со должина од 4.901 милиметри, ширина од 1.935 милиметри и висина од 1.616 милиметри, неговиот покрив се протега рамно над мускулестото тело, стрмно спуштајќи се надолу – во типичен купе стил се влева во D-столбовите.

S-line пакетот на опрема става посебен акцент на спортската DNK на Audi e-tron Sportback. Стандардно е опремен со тркала од 20 инчи и спортска воздушна суспензија. Препознатливиот контурен браник е опкружен со поизразени воздушни завеси, кои го подобруваат протокот на воздух.

Тие се протегаат под фаровите, а со тоа создаваат динамичен изглед дури и од далечина. Амблемот S-Line ја краси решетката на ладилникот, додека осветлените алуминиумски облоги на праговите на вратите имаат “S” лого. На задниот дел, вградениот спојлер е стандарден, како и впечатливиот дифузер што се протега низ целата ширина на возилото и придонесува за извонредна аеродинамика.

Спортска ефикасност: Електрични мотори со електричен quattro погон на сите тркала

Audi e-tron Sportback 55 quattro му овозможува на возачот да ужива во интеракцијата на ефикасност, перформанси и врвен комфор. Секоја оска е опремена со асинхрон електричен мотор кој се напојува со трофазна електрична енергија од системот за напојување. Со моќност од 265 kW и 561 Nm вртежен момент[2], двата стандардни електрични мотори имаат голема моќност при лансирањето на SUV купето од место – без CO2 емисии и во виртуелна тишина. На Audi e-tron Sportback 55 quattro му се потребни само 6,6 секунди да достигне 100 km/h, а максималната брзина е електронски ограничена на 200 km/h. Со префрлање од погонскиот опсег D во S и целосно притискање на педалата за гас, возачот може да го активира “Boost” режимот. Во овој режим на возење, погонот генерира моќност од 300 kW и вртежен момент од 664 Nm за осум секунди. Ова му овозможува на SUV купето да забрза од 0 до 100 km/h за само 5,7 секунди. Двостепените менувачи со еден опсег на брзини го пренесуваат вртежниот момент од електричните мотори на оските. Прекинувачот, со кој возачот може да управува со палецот и показалецот, се користи за избор на брзини. Поставен во централната конзола, рачката од менувачот служи дополнително и како потпирач за раце.

Запознајте го новиот Audi e-tron Sportback одблизу во салонот на Audi во Скопје или дознајте ги сите информации на www.audi.mk

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни