Пристигнуваат германските експерти во Тетово, Арифи за ТВ21: Истрагата да заврши што поскоро

Една недела по трагедијата во Тетово, утре доаѓаат германските експерти. ОВа го потврди градоначалничката на Тетово, Теута Арифи на гостувањето во центаралните вести на албански јазик на ТВ21.

Таа во изјава за нашата телевизија кажа дека бара истрагата да заврши што е можно поскоро. Коментирајќи за модуларната болница, кажа дека истата е изградена со посебен закон, а општина Тетово нема овластување да издава градежна дозвола.

Потсетуваме дека пред една недела во болницата Модуларна во Тетово, 14 лица го загубија животот по избувнувањето на пожарот.

По трагедијата, на вонреден состанок, Владата побара странски експерти да го истражат случајот, и истите се најавени за утре.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното