Приведен 38-годишен штипјанец – физички ја нападнал сопругата

Жена од Штип била пренесена во болница со повреди по случај на семејно насилство што се случил во нивниот семеен дом.

Од Секторот за внатрешни работи Штип информираат дека полицијата го лишила од слобода 38-годишниот С.Д., кој е осомничен дека вчера околу 16 часот физички ја нападнал својата 34-годишна сопруга.

По нападот, жената побарала медицинска помош во Клиничката болница во Штип, каде лекарите констатирале повреди.

Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.