Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, е приведен во рамки на истрага која опфаќа уште 15 лица и три компании, објави „Портал Икс“, повикувајќи се на свои извори.
Според информациите, надлежните органи спроведуваат активности поврзани со случајот, а предмет на проверки се и правни лица кои се поврзуваат со истрагата.
При претрес во домот на Ѓорѓиоски, според неофицијалните информации, биле пронајдени парични средства во готовина.
Повеќе детали за спроведената акција, како и за причините поради кои се води постапката, се очекуваат во текот на денот од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство.
Илчо Ѓорѓиоски беше претседател на ФФМ во периодот од 2012 до 2018 година.