4NEWS.mk

Приведен тетовец кај кого е пронајден карабин, куршуми и рамка за автоматска пушка

Полицијата синоќа во 20.30 часот, врз основа на судска наредба,  извршила претрес во домот на А.Џ. во Тетово, при што биле пронајдени и одземени карабин калибар 8 х 57 ЈС, три куршуми калибар 8х57 и една рамка за авотоматска пушка со 21 куршум калибар 7.62 милиметри.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодвена пријава, информираа денеска од МВР. 

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни