4NEWS.mk

Приведен тетовец кој од прозорец од станот пукал со гасен пиштол

 

Полицајци ноќеска по полноќ во полициска станица привеле 44-годишник од Тетово кој од прозорец во станот пукал надвор. Тетовецот бил во алкохолизирана состојба.

Како што соопшти денеска СВР Тетово, станува збор за Д.Ј.(44) од Тетово, кој од прозорец на стан на улица „Киро Ристевски-Дрнц“ во Тетово, во алкохолизирана состојба, со гасен пиштол пукал во непозната насока.

До интервенцијата дошло по пријава на граѓани.

На Д.Ј. му е одземен пиштолот за вештачење, а тој бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување на случајот

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни