Македонија

Приведени 4 државјани на Албанија откако ги фатиле при крадење во продавница во Струга!

Приведени 4 државјани на Албанија откако ги фатиле при крадење во продавница во Струга!
ФОТО AI 4news.mk

На 12.12.2025 година, полициски службеници од ОВР Струга, во продажен објект во Струга, лоциран на улицата „Маршал Тито“ во Струга, од слобода ги лишија  А.Х.(52), Р.Х.(49), Р.Е.(49) и Р.А.(20), сите од Корча, Република Албанија.

Тие се затекнати при вршење кражба на повеќе производи кои им се одземени и вратени на одговорните лица во објектот.

По целосно документирање на настанот, против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни