4NEWS.mk

Приведени тројца работници при илегална градба на објект во Охрид

Полицијата синоќа привела три лица поради основано сомневање дека работеле на бесправна изградба на објект во Охрид.

Постапувајќи врз основа на пријава од Секторот за градежна инспекција при Општина Охрид, полицијата синоќа во 18:15 часот излегла на лице место на улицата „Марко Нестороски“ при што затекнала тројца градежни работници како работат на бесправна градба.

После документирање на настанот, полицијата ќе поднесе соодветни пријави против лицата Л.В.(28) и Н.В.(34) од струшкото село Радолишта, како и  против Е.Б.(30) државјанин на Република Албанија.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни