Војниците, полицајците и шумските чувари денес ја продолжија потрагата по потпретседателот на Малави Саулос Чилима, поранешната прва дама Шанила Џимбири и осум други владини функционери по падот на воен хеликоптер во северниот планински регион на земјата.
Како што беше претходно објавено, постои сомневање дека Чилима можеби загинал при принудното слетување на воен хеликоптер во шумата Чикангава и неуспешниот обид за слетување на аеродромот Мзузу поради неповолните временски услови.
Во вчерашната потрага учествувале околу 600 лица, соопштија властите, а пренесува АП.