Свет

Продолжува снежниот хаос во Европа: Во БиХ тројца загинати во несреќи, на Алпите ќе паѓа уште снег

Снежниот хаос во одредени делови во Европа и натаму трае, а судејќи според новата временска прогноза, во следните денови ситуацијата нема да биде ништо подобра, па дури може и да се влоши.

Порталот „Severe Weather Europe“ носи информации за нов снежен бран на Алпите каде што неколку места се отсечени. Би требало да наврне нов снег во висина од еден метар. Најмногу снег се очекува во Швајцарија.

Австриската државна телевизија ОРФ јавува дека ситуацијата во одредени подрачја е тешка, а во понеделник доаѓаат нови наноси од снег. Поради тоа во областите Тирол и Салцбург е прогласен највисок степен на предупредување за лавини.

Во БиХ три лица загинаа како последица на сообраќајни несреќи случени поради наносите од снег. Во таа земја вечерва се очекуваат нови врнежи од снег.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни