Македонија

Продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Во Кривичен суд денеска продолжува судењето за двојното убиство за малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски. За двојното убиство обвинети се Љупчо Палевски Палчо, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишев, а за помагање и грабнување на неговата ќерка Вања обвинет е и Александар Ѓорчевски.

Треба да сведочи Велибор Манев. За време на истрагата, Манев ги однел полицајците до местото каде што било закопано телото на Панче, и кажал дека во него пукал Палевски.

Од сведочењата се очекува да се разветли мотивот за двојното убиство, и зошто Вања е убиена два часа по грабнувањето, и која била улогата на таткото Алексндар Ѓорчевски.

На лентата со која била врзана устата на Вања, пронајдени се траги од ДНК на Манев, исто и во возилото „рено кангу“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни