Македонија

Продолжуваат протестите против аерозагадувањето – „Не ни требаат маски, туку решение на проблемот“, велат граѓаните

Улицата пред Собранието и денеска неколку часа беше блокирана од страна на револтираните граѓани кои го искажаа своето незадоволство околу аерозагадувањето.

Гневни бидејќи надлежните не преземаат мерки, иронично рекоа дека ќе соберат средства за да ѝ помогнат на државата за решавање на проблемот со загадувањето.

Еден по возрасен демонстрант вели дека тој веќе е стар и не знае уште колку ќе живее, туку дека најголемиот проблем се последиците што ќе ги почувствуваат младите.

Протести најавија и за наредната недела, кои како што уверуваат демонстрантите ќе бидат уште по масoвни.

РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни