Балкан

„Продолжуваме со промената“ и „Демократска Бугарија“ нема да правaт предизборна коалиција

„Продолжуваме со промената“ и „Демократска Бугарија“ нема да правaт предизборна коалиција

Партија „Продолжуваме со промената“ на поранешниот премиер на Бугарија, Кирил Петков на парламентарните избори на 2 октомври самостојно ќе настапи. Таквата одлука е донесена од Националниот совет на партијата, врз основа на темелни политички и социолошки анализи, објави БНР.

Oд партијата посочија дека верува оти оваа формула на Бугарија ќе и го донесе коалициското мнозинство што ќе ја заврши работата што ја започна владата „Петков“.

Исто така беше наведено и дека „Демократска Бугарија“ останува природен сојузник на „Продолжување на промените“ на патот кон промените во Бугарија.

Во интервју за БНР, потпретседателот на „Демократска Бугарија“ Атанас Атанасов прогнозира дека нема да има предизборен коалициски договор меѓу двете политички формации.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни