Проектилот ја погодил пругата во близина на Лавов. Русите: Уништивме американски пратки оружје

Украинското воздухопловство соопшти дека руска крстосувачка ракета, лансирана од морето во текот на ноќта, погодила инфраструктурни цели во близина на Лавов на западот на земјата, а Русија објави дека уништила пратка со американско и европско оружје, пренесуваат агенциите.

Воздухопловните сили објавија и дека украинската противвоздушна одбрана соборила три проектили. Според регионалниот гувернер, зафатена е железничката инфраструктура.

Се вчитува...

Русија ги напаѓа сообраќајните центри и складиштата за гориво во близина на Лавов во обид да ја отежне испораката на оружје. Руското Министерство за одбрана соопшти дека нејзините проектили погодиле и уништиле американско и европско оружје во регионот Лавов во западна Украина.