Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Македонија

Проф. Д-р Аспазија Софијанова: новиот детски онколошки центар ќе овозможи рана дијагностика и најсовремен третман на малигните болести

Проф. Д-р Аспазија Софијанова: новиот детски онколошки центар ќе овозможи рана дијагностика и најсовремен третман на малигните болести

Многу брзо во рамките на детската клиника ќе биде отворен онколошки центар кој ќе овозможи рана дијагностика на малигните болести кои за жал ги гледаме и кај децата. Тие се јавуваат дури и во раната неонатална возраст и во раната детска возраст, а несмееме да заборавиме дека и болестите на крвната лоза се често видени кај децата, вели Директорката на детката клиника Проф. Д-р Аспазија Софијанова. Според неа детската онкологија е еден од приоритетите на клиниката. Ќе овозможи  рана дијагностика на малигните болести и можност навремено да се реагира, и да им се помогне на многу деца.

Новиот онколошкиот центар не само што ќе пружи удобност и комодитет по сите најнови стандарди присутни во најсовремените светски центри, ќе има посебна нова климатизација, инсталации и опрема што бара една најмодерна клиника, туку тој ќе обезбеди и место кое ќе нуди поголема удобност за децата од почетокот  и во текот на целиот третман, значи престој во едни многу поубави услови. Бидејќи кога ги визуелизираме убавите нешта тие предизвикуваат и убава перцепција и лачење на убави хормони што се важни за целокупната здравствена состојба на овие пациенти.

Новиот детски онколошки центар ќе има библиотека и учителка која ќе работи со овие деца, ќе има и забава, а доколку сеуште владее Корона пандемијата тоа ќе биде спроведено под сите соодветни протоколи и мерки кои ги налага состојбата и секако протоколи кои ќе соодветствуваат со Германските со кои имаме комуникација и кооперација. Центарот ќе вклучи и посттрансплантациски оддел со просторија со негативен притисок, со комплетна грижа за пациентите после трансплантација која веројатно ќе се одвива на клиниката за хематологија со која имаме тесна соработка, а тоа значи дека прифаќањето на тие деца ќе се одвива на највисоко ниво со целосно мониторирање од страна на педијатри.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни