4NEWS.mk

Професионално обезбедување во најкритичните болници и клиники

Професионално обезбедување ќе го чува медицинскиот персонал во старата зграда на Градската  болница, Ургентниот центар на Клинички и Клиниките за токсикологија и кардиологија. Ова било заклучено на состанокот меѓу министерот за здравство, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски  и преставници на лекарската комора и асоцијациаја на млади лекари по зачестените инциденти и физички напади врз здравствени работници и остант персонал во неколку установи во државата.
 
Дополнително од страна на преставници на лекарската фела било побарано,  а МВР се согласило да има зачестени полициски контроли околу старата Градска болница каде има и најголема фрекфенција на пциенти во ноќните часови.
 
Филипче апелира побрзо да се расчитуваат случаите и да има соодветна казна за напаќачите. 
 
Александар Динев

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни