Македонија

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (поголема количина за кратко време), силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме со изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во текот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи. Во четврток во западните делови ќе дува засилен ветер од југозападен правец. Дневните температури од сабота со засилен северен ветер ќе бидат во опаѓање.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни