Македонија

Променливо облачно и студено – температурата до 10 степени

Променливо облачно и студено, претпладне претежно во јужните делови со локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната од 4 до 10 степени. Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 10 степени. Следува период на променливо облачно и постудено време со умерен до засилен северен ветер. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни