Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди!

Променливо облачно со сончеви периоди!

Наутро ведро и студено, а во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта почнувајќи од западните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.

Утре во текот на ноќта и во петок под влијание на нов влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови (до 25 l/m²), а локално ќе има услови за појава на грмежи. Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник ќе преовладува сончево време со пораст на дневната температура.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје 15.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни