Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди, ветер над 60 километри на час во делови од земјава

Променливо облачно со сончеви периоди, ветер над 60 километри на час во делови од земјава

Променливо облачно време со сончеви периоди најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој наместа долж поширокото Повардарие повремено ќе достигнува брзина над 60 километри на час.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој во делови од Скопската Котлина повремено ќе биде засилен.

Според прогнозата на УХМР, минималните температури во земјава ќе се движат од -2 до 10 степени, додека максималните ќе достигнат од 8 до 18 степени Целзиусови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни